Луис Хамилтон ја освои спринт пол позицијата во Шангај, носејќи му на Ферари прва стартна позиција во драматичните квалификации!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Седумкратниот шампион блесна во последните моменти, поставувајќи време 1:30.849, што беше доволно да го надмине Макс Верстапен за само 0.018 секунди.
Третото место го зазеде Оскар Пјастри, додека зад него завршија Чарлс Леклер и Ландо Норис.
Како и секој возач на Ферари, првата пол позиција со италијанскиот тим се памети, дури и ако е во спринт формат.
“Да се дојде тука, на патеката што е толку омилена и во Шангај, прекрасно место и времето е одлично и болидот оживе од првиот круг. Значи, направивме добри промени, тимот заврши одлична работа за време на паузата за да го подготви болидот и искрено сум во шок. Не можам да поверувам дека дојдовме до пол позиција, се разбира е спринт, не е главната трка и имаме работа за утре, но ова е добар чекор напред”, заклучи Хамилтон.