Стручниот штаб на Манчестер сити наскоро би требало да добие нов член, јавуваат медиумите блиски до клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Никогаш потурбулентна сезона за “граѓаните” откако Пеп Гвардиола во 2016 година дојде на “Етихад”. Многу проблеми со повредите, недостиг на форма и добри игри… Пласманот во Лигата на шампионите и потенцијално освојување на ФА купот би било “полна капа” за Сити.
Се очекува на лето да дојде до неколку промени во тимот, но и во стручниот штаб. Имено, Пеп Гвардиола го повика поранешниот играч од средината и капитен на Манчестер сити, Фернандињо, да се приклучи во тимот и да му помогне со своето знаење и искуство. Воедно, Бразилецот би растел професионално кај Пеп и во иднина, потенцијално, може да работи самостојно со современи фудбалски механизми кои дополнително ги усовршил.
Слично се случуваше и со Микел Артета, кој по завршувањето на кариерата го прифати повикот на Пеп Гвардиола каде што учеше занает три години, а потоа заврши во Арсенал, каде што е и денес.
Фернандињо од почетокот на годината е слободен агент, уште не е сигурно дали ќе се пензионира, но контактот кој го воспостави со него Пеп Гвардиола би можел да ја забрза неговата одлука.
Во Сити Фернандињо играше од 2013 до 2022 година.