
Името на Илкај Гундоган сè почесто се поврзува со премин во Галатасарај, а иако Пеп Гвардиола тешко се откажува од своите луѓе од доверба, впечатокот е дека и самиот менаџер на Манчестер Сити е доволно омекнат да, една година пред истекот на договорот, го пушти германскиот играч од „Етихад”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Некогашниот фудбалер на Борусија Дортмунд со текот на времето се утврди како човек од доверба на Гвардиола, но по шампионските сезони и самиот го искуси суровоста на симнувањето од тронот, а тоа во големите екипи значи навестување на промени и нешто болен рез.
Потоа го истакна што може да биде најлошата последица доколку сака да оди по линија на помал отпор.
„Проблемот е што ќе бидат несреќни ако добијат помала минутажа. Ќе бидат тажни и разочарани, а тоа ми е најмалку потребно во моментот. Затоа мораме да видиме што ќе се случи”, рече тој.
Фото: Принтскрин