Дома Фудбал Гвардиола: Не сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Гвардиола: Не сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола пред првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим ќе се сретне со Наполи вечерва во 21:00, изјави дека повеќе не се фаворити за освојување на натпреварувањето, како некогаш.

„Изгледа дека не сме фаворити за титулата во Лигата на шампионите. Засега само уживаме во моменти, патувања и искуства. Среќни сме што сме тука. Во минатото одевме далеку, но само еднаш освоивме, и многу се мачевме. Во моментов, фокусот е на утрешниот натпревар кој треба добро да го одиграме за да позитивно ја започнеме годинешната сезона“, изјави Гвардиола, и потсети:

„Многу е потешко кога почнуваш лошо. Минатата сезона стартувавме нерешено со Интер, се надеваме дека овој пат ќе биде подобро“, заклучи каталонскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново големо признание за Пројоковска: Ќе го суди дербито во женската Лига на шампиони

Македонската судијка Ива Пројковска доби ново значајно признание од УЕФА, откако е делегир…