Дома Фудбал Гвардиола ги загуби нервите по ремито на Манчестер сити: Им се внесуваше во лице на фудбалерите (Видео)

Гвардиола ги загуби нервите по ремито на Манчестер сити: Им се внесуваше во лице на фудбалерите (Видео)

Mенаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола беше многу возбуден по драматичниот натпревар со Брентфорд, во кој неговиот тим ја испушти победата во 90+2. минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше уште еден поразителен исход за „граѓаните“, уште еден во низата болни, кој ги оддалечи од врвот на табелата кој сега не им е ни блиску. Ни водството од 2:0 овој пат не помогна на тимот на Пеп да победи…

Оттука и очигледната фрустрација на Гвардиола која, по завршувањето на мечот, ја насочи кон своите играчи. Чувствата што го преплавија во тој момент беа, всушност, измешани, фрустрацијата прелеваше во потреба да им одржи жарен говор на своите играчи.

Беше во таков емотивен занес што во моментот не можеше да се разабере дали е лут на нив или само почувствувал потреба да ги охрабри, да не се откажат.

Најпрвин му се приближи на германскиот голман Стефан Ортега Морено. Гласно му зборуваше, потоа го прегрна, па го удри по градите, му се внесуваше во лице, го нишаше, пак го прегрна, му зборуваше на уво… Овој главно молкум го слушаше и се препушти на зборовите што го преплавија.

Гвардиола потоа отиде до Јошко Гвардиол. И со него постапи исто како и со Морено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо добива ново засилување: Челси договори Аргентинец за 40 милиони евра

Челси го договори доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко (21), објави Фабрицио…