Дома Фудбал Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Јовиќ!

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Јовиќ!

Eкипата на Милан реши да не го задржи Лука Јовиќ во својот тим, објавува “Газета дело Спорт”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По долги месеци на шпекулации, изгледа дека е донесена одлука српскиот напаѓач да ги напушти „росонерите“, со што од јули ќе биде слободен да избере нов клуб.

Милан имаше можност до 20 јуни да го продолжи договорот на Јовиќ, но бидејќи тоа не го направи, неговата иднина е сега позната.

Јовиќ имаше краток период оваа пролет кога играше извонредно, што отвори можност клубот да ја преиспита одлуката и евентуално да го задржи, но тоа сепак не се случи.

“Газета” истакнува дека напаѓачот не привлече внимание од европските клубови, но покажа интерес клубовите Крз Азул и Ботафого од Латинска Америка.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ: Не беше пенал, не беше офсајд, ВАР постојано е против нас!

Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското прве…