
Сите индикации сугерираат дека Мајкл Керик ќе продолжи како тренер на Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако Рубен Аморим беше отпуштен, Мајкл Керик ја презеде шефовската позиција на Манчестер Јунајтед во јануари. Според првичните очекувања, тој требаше да остане до завршувањето на актуелната сезона, но сега се чини дека би можел да биде именуван како нов постојан тренер на тимот.
Раководството на Црвените Ѓаволи е презадоволно од работата на 44-годишниот тренер. Се повеќе се приближуваат кон одлуката да му ја понудат главната тренерска позиција и во претстојните години.
„Мајкл Керик очекува официјални разговори за позицијата тренер и се смета за сериозен кандидат за оваа улога. Јунајтед планира да ги разгледа и други кандидати, а пласманот во Лигата на шампионите нема да влијае на тој процес“, пренесуваат англиските медиуми и дополнуваат:
„Неколку клучни играчи, меѓу кои се Бруно Фернандеш, Матеус Куња и Хари Мегваер, сакаат Керик да остане на местото тренер. Тој веќе е дел од тимот кој ќе се фокусира на новите засилувања.“
Томас Тухел беше главната опција за тренерска позиција на клубот од Олд Трафорд. Но, од ова нема да излезе ништо.
„Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе Томас Тухел, но тој го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Англија“, пренесуваат медиумите.
Така, Мајкл Керик според се ќе го води тимот и во наредната сезона.