Дома Фудбал Готово: Манчестер јунајтед „украде“ талент на Арсенал!

Готово: Манчестер јунајтед „украде“ талент на Арсенал!

Трети февруари го означува крајот на трансфер периодот во Англија, а случувањата на трансфер пазарот добиваат големо внимание.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најталентираните штопери во својата генерација, Ејден Хевен, ќе го замени Лондон со Манчестер.

18-годишниот штопер, според сите изгледи, од редовите на Арсенал ќе премине во редовите на големите ривали..

Ејден е природен „левак“ и ги покрива позициите на лев стопер и лев бек, а таа поливалентност е нешто што сите тренери во модерниот фудбал го сакаат и бараат.

Талентираниот Англичанец би требало да има полесен пат до првиот тим во Манчестер Јунајтед отколку во Арсенал.

Причината за тоа е што Манчестер Јунајтед го има Еванс кој е во поодминати години и Линделоф кој е на излезната врата на таа позиција.

Од друга страна, во Арсенал тие позиции се вистински добро покриени, од играчи како Габриел и Калафиори меѓу другите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…