Дома Останати Тенис Ѓорческа во Турција ќе игра против тенисерка која некогаш беше најдобра во светот!

Ѓорческа во Турција ќе игра против тенисерка која некогаш беше најдобра во светот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ќе настапи на Челинџер турнирот во турски Самсун, каде што конкуренцијата ќе биде значително посилна од досегашните турнири на кои настапуваше. Прв носител на натпреварувањето е Французинката Ракотоманга Ражаона, моментално 127. тенисерка во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ждрепката не и беше наклонета на Ѓорческа – во првото коло ќе и се спротивстави поранешната светска број еден, Каролина Плишкова од Чешка, која настапува со специјална покана. Иако во моментов е надвор од топ-1000, Плишкова до лани беше 40. на ВТА листата и зад себе има дури 17 титули во елитната конкуренција, како и лидерска позиција на светската ранг-листа во периодот од јули до септември 2017 година.

Ѓорческа се наоѓа на 198. место на ВТА ранг-листата, но поради тоа што не настапи минатата недела, ќе забележи пад од уште 13 позиции. Покрај во сингл, таа во Самсун ќе игра и во конкуренција на двојки, во партнерство со турската тенисерка Чагла Бујукакчај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…