Дома Останати Тенис Ѓорческа по два часа борба обезбеди полуфинале во Букурешт

Ѓорческа по два часа борба обезбеди полуфинале во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да ја пишува својата успешна приказна во Романија. Таа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Букурешт, совладувајќи ја финската претставничка Лаура Хиетаранта со убедливи 2-0 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓорческа влезе силно во мечот и уште во првиот сет ја демонстрира својата доминација. Со три брејка на сервисот на противничката, успеа да го затвори сетот со резултат 6-3 и да ја преземе контролата врз натпреварот.

Во вториот сет Хиетаранта стартуваше подобро и поведе со 2-0, но македонската тенисерка веднаш возврати со серија од три гема и направи целосен пресврт (3-2). До крајот на сетот Ѓорческа не дозволи изненадување, продолжи со агресивен и прецизен настап и го доби сетот со идентични 6-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…