Дома Фудбал Голот на Мегваер беше од офсајд – еве зошто не е поништен

Голот на Мегваер беше од офсајд – еве зошто не е поништен

Манчестер Јунајтед направи драматичен пресврт на домашен терен, совладувајќи го Лестер со 2-1 и со тоа се пласираше во петтото коло од ФА Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Боби Декордова-Рид ги доведе гостите во водство во 42. минута. Џошуа Зиркзе израмни во 68. минута. И кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Хари Мегваер постигна гол во третата минута од судиското надополнување за да направи пресврт на натпреварот и да победи.

Сепак, беше очигледно дека Мегваер беше во офсајд кога Бруно Фернандеш нафрли од слободен удар кон голот. Лестер излезе високо на противнички центаршут и успешно постави офсајд замка, но помошниот судија не забележа. Многу љубители на фудбалот се прашуваат зошто ВАР не интервенираше.

Одговорот е – бидејќи Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на овосезонското натпреварување одлучи видео технологијата да се користи од петтото коло на ФА Купот.

Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…