Голманот на фудбалската екипа на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар поради непочитување на судијата по мечот против Лацио, објавија денеска италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан во неделата загуби од Лацио со 1:2 во првенството, а Мењан му се обрати на судијата на навредлив начин во тунелот на стадионот Сан Сиро на патот кон соблекувалните.
Како што пренесоа медиумите, францускиот голман беше казнет и со 15.000 евра.
Мењан така ќе го пропушти натпреварот против Лече во Серија А, на 8 Март.