Дома Фудбал Големото дерби во Битола викендов под рефлектори!

Големото дерби во Битола викендов под рефлектори!

Во рамки на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, Пелистер на 6 октомври од 18 часот ќе ја пречека Шкендија. Дуелот ќе се игра под светлината на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Зелено-белите“ се наоѓаат во сериозна резултатска криза со пет последователни порази, а токму против актуелниот шампион и учесник во Конференциската лига ќе се обидат да ја прекинат негативната серија и да се претстават во подобро светло пред својата публика.

Во истото коло, дуелот меѓу Шкупи и Работнички ќе се одигра во Струга, откако Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше теренот во Чаир. Овој натпревар е закажан за 4 октомври со почеток од 15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направени се илјадници симулации за Светското првенство, веќе се знае кого ќе го гледаме во финалето?!

Со синоќешниот натпревар меѓу репрезентациите на Канада и Јужна Африка започна нокаут-фаза…