
Фудбалската репрезентација на Хрватска ќе стане посилна со младата надеж на Баерн, откако Ентони Џејкоб Павлешиќ одлучи во иднина да ги брани боите на нашата соседна земја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Павлешиќ е инаку 19-годишен голман и брани за вториот тим на Баварците, кои оваа сезона се натпреваруваат во четвртиот ранг на германскиот фудбал.
“Драго ни е, секако, што Ентони и неговото семејство ја покажаа желбата во иднина да ја претставува Хрватска, при што ја почувствуваа нашата решителност и амбиција да го вклучиме во системот на ХНС. Верувам дека добивме многу талентиран голман” 💬 Стипе Плетикоса
— ХНС (@HNS_CFF) May 9, 2025
🇭🇷✅ Хрватски… pic.twitter.com/nfvLQ75WuG
Станува збор за голман роден во австралискиот Ферфилд кој ги поминал младинските селекции на репрезентацијата на Австралија, каде што има одиграно 10 натпревари.
Дека Павлешиќ во иднина ќе брани за Хрватска потврдија и од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), откако добија зелено светло од ФИФА.
“Не радува оваа одлука на ФИФА, на која се надевавме бидејќи вложивме максимални напори за да добиеме позитивно решение во процесот. Драго ни е, секако, што Ентони и неговото семејство ја покажаа желбата во иднина да ја претставува Хрватска, при што ја почувствуваа нашата решителност и амбиција да го вклучиме во системот на ХНС”, изјави легендарниот Стипе Плетикоса, директор на репрезентацијата на Хрватска.
Фото: Пртинскрин