Дома Останати Тенис Голема победа за Ѓорческа: Во Турција славеше над некогаш најдобрата тенисерка во светот!

Голема победа за Ѓорческа: Во Турција славеше над некогаш најдобрата тенисерка во светот!

Лина Ѓорческа ја забележа една од најголемите победи во својата кариера, откако на отворањето на турнирот во Самсун (Турција) успеа да ја совлада поранешната светска број еден, Каролина Плишкова.

Првата македонска рекетка одигра сигурно и борбено, особено во финишот на првиот сет кога со два последователни брејка и четири освоени гема по ред го отвори патот кон водство. И вториот сет го почна во висок ритам, освојувајќи четири од првите пет гема и до крајот умешно ја контролираше предноста.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Плишкова во јули 2017 година беше на врвот на ВТА-листата, во кариерата има 17 трофеи и заработка од 26 милиони долари, што ѝ дава уште поголема тежина на победата на Ѓорческа.

Во следната рунда, Македонката ќе игра против осмата носителка на турнирот, Романката Софија Костулас. Турнирот во Самсун се одржува за награден фонд од 115 илјади долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…