Дома Фудбал Голем скандал во Турција: Претседателот на Фенербахче осуден на затворска казна!

Голем скандал во Турција: Претседателот на Фенербахче осуден на затворска казна!

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден на две и пол години затвор поради поттикнување на нелегално обложување, пренесуваат турските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Турско-американскиот бизнисмен и спортски функционер беше прогласен виновен откако властите забележаа дека на видео платформата „Es Sport“, која е дел од неговиот холдинг, биле прикажувани реклами за нелегални обложувалници.

Според турската новинска агенција Anadolu, Саран ги отфрли обвинувањата и најави жалба на пресудата. Тој тврди дека спорните содржини не биле наменски емитувани, туку дека биле присутни на спортските настани кои биле пренесувани на неговата платформа.

Покрај затворската казна, Саран е казнет и со парична глоба, па ќе мора да плати околу 10.500 евра. Сепак, пресудата засега не налага итно негово притворање.

Саран ја презеде функцијата претседател на Фенербахче минатата година, а според информациите од Турција, по изрекувањето на пресудата можеби ќе поднесе оставка веќе во наредните денови.

Овој случај дополнително ги потресе редовите на еден од најголемите турски клубови, кој често е во центарот на вниманието на јавноста последниве месеци. Недобројни полемики предизвика и тренерот Жозе Мурињо, кој покрена случај пред Европскиот суд за човекови права поради казните кои ги добил за време на својата работа во турскиот фудбал.

Останува да се види како пресудата ќе влијае на иднината на Саран и функционирањето на Фенербахче, кој се подготвува за новата сезона и продолжување на борбата за трофеи на домашната и меѓународната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заврши драмата: Голгетерот на Швајцарија сепaк доби виза и ќе игра на Мундијалот!

Голема неизвесност околу учеството на Брил Емболо на Светското првенство 2026 година конеч…