Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Го разбирам Карлос кога вели дека се чувствува како роб

Ѓоковиќ: Го разбирам Карлос кога вели дека се чувствува како роб

Роберто Баутиста остро го критикуваше Карлос Алкарас поради зборовите „дека понекогаш се чувствува како роб на тенисот, а тоа не сака да биде“, но Новак Ѓоковиќ покажа големо разбирање:

– Малку е грубо така да се опише својот момент, дека е заробен во тенисот – изјави Ноле за шпанскиот “Релево” во Мадрид. – Но, одлично разбирам што сакаше да каже. Тенисот е индивидуален спорт и бара сто проценти енергија – и физичка, и ментална, и емотивна. Тоа е професија која оди многу подалеку од удирањето на топчето на теренот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најдобриот тенисер на сите времиња не само што тоа најдобро го почувствува на своја кожа, туку и не би бил тоа што е ако не ги почитуваше овие зборови до максимум:

– Не сакам да бидам арогантен, бидејќи има многу луѓе кои не успеваат да ја изберат својата професија и кои страдаат многу повеќе од нас во други животни аспекти, но тенисот многу ти зема во текот на годината. Или, зошто да не кажеме, во текот на животот. Имаме среќа што можеме да се посветиме на она што најмногу го сакаме, нашата страст, она што го сонувавме уште од мали. Сонувавме да бидеме на големите турнири, да играме максимално… но тоа не е лесно.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ поразен три дена пред стартот на Вимблдон

НОВАК ЃОКОВИЌ не го имаше најдобриот можен вовед пред настапот на Вимблдон, третиот Гренд …