
Новак Ѓоковиќ го избегна најлошото сценарио на ждрепкатаза Вимблдон, бидејќи нема да игра во четвртфинале со Јаник Синер или Карлос Алкараз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синер му е потенцијален противник во полуфинале, а во четвртфинале би требало да го чека Џек Дрејпер. Претходно, Дрејпер на патот ги има Бублик и Меншик.
На другата страна, Новак почнува од Французинот Александар Мулер, моментално 40-ти играч во светот кој ги загуби двете натпревари на трева оваа сезона, а во втората рунда го чека домашен играч – или Дан Еванс или Џеј Кларк.
Третата рунда би можела да донесе судир со Алекс Микелсен, чиј прв ривал е Миомир Кецмановиќ. Српскиот тенисер победи во единствениот меѓусебен меч, но на земја, во Ештоил оваа година.
Во осминафиналето Новаку е проектиран противник Алекс де Минор, кој на својот пат го има Томаш Махач.
Фото: Принтскрин