Дома Останати Кошарка Гилџес-Александер по победата против Денвер: Јокиќ е талентиран, но ова е тимски спорт

Гилџес-Александер по победата против Денвер: Јокиќ е талентиран, но ова е тимски спорт

Најдобриот играч на Оклахома Шеј Гилџес-Александер зборуваше по победата на неговиот тим против Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се зборуваше за најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, кој на овој натпревар постигна 44 поени, 15 скока и пет асистенции.

„Пред сè, тој е многу паметен, мислам дека тоа му дава предност (во однос на другите). Секогаш ја движи играта, секогаш размислува неколку потези однапред, чита различни видови одбрани, го чита нападот на противниците. Неговата интелигенција на теренот е многу висока и тој постојано ја користи“, рече Гилџес-Александер на прес-конференцијата.

На теренот беше прашан за големите 44 поени што ги постигна Јокиќ, а се чини дека Канаѓанецот извлече своевидна поука по победата.

„Ова е тимски спорт. Никој не може сам, Чет ми е потребен мене, а јас нему, Вилијамс, итн. Јасно е дека Јокиќ е многу талентиран, но нам најважна ни е победата, денес ја постигнавме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…