
Клаудио Раниери го заврши својот мандат во Рома, а на неговото место пристигна Џан Пјеро Гасперини.
Поранешниот стратег на Аталанта веќе оствари разговори со управата за потенцијални засилувања и сака да донесе дури пет играчи во летниот трансфер период, бидејќи верува дека само така Рома може да биде конкурентна во Серија А.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Кои позиции се критични?
Централен бек, потоа играч за средина, десен бек, лев бек доколку Анхелиньо замине, и офанзивен играч од средината со слични карактеристики како Адемола Лукман, за кој веќе пишувавме.
Фудбалерот на Фламенго Весли е цел за позицијата десен „вин-бек“, но тој се поврзува и со Јувентус, што може да предизвика проблем.
Ова не е сé, „Кориере“ денес напоменува дека Гасперини сака и напаѓач.
Фото: Принтскрин