Дома Фудбал Гарсија за сите времиња им ги затвори устите на навивачите на Еспањол, сите видоа што направи синоќа (Видео)

Гарсија за сите времиња им ги затвори устите на навивачите на Еспањол, сите видоа што направи синоќа (Видео)

Барселона синоќа победи во големото градско дерби со 2:0 против Еспањол во рамките на 18. коло од шпанската Ла Лига, а јавноста во таа земја зборува за Јоан Гарсија и како голманот на Блауграна им ги затвори устите на навивачите на својот поранешен клуб. Синоќа на „РЦДЕ“ стадионот сè беше во знакот на Јоан Гарсија кој беше дочекан на жесток начин од навивачите на Еспањол од кој летото си замина токму во Барселона, а тие не му можат да му го простат тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гарсија минатата сезона беше еден од најзаслужните што Еспањол успеа да избори опстанок, но кога тој одлучи да замине во Барселона стана најомразената личност меѓу навивачите на клубот во кој стана познат.

Тој синоќа за првпат се врати на стадионот на Еспањол каде што беше пречекан со салви на свирежи и навреди од трибините, но Гарсија не дозволи тоа да го извади од такт.

Бранеше фантастично во синоќешниот натпревар и го воодушеви фудбалскиот свет со неколку неверојатни одбрани со кои ја спаси Барселона во клучните моменти.

И покрај грубите навреди кои ги добиваше од трибините за време на натпреварот, тој на тој начин успеа да покаже каков господин е и направи потег кој предизвика восхит во фудбалската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …