Дома Фудбал Фудбалерот на Милан по седум години се врати во репрезентацијата на Англија

Фудбалерот на Милан по седум години се врати во репрезентацијата на Англија

Англискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик (29) повторно е повикан во националниот тим за квалификациите за Светското првенство 2026 против Андора и Србија, седум години откако последен пат го облече репрезентативниот дрес, информирaше британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Средниот играч на Милан има 10 настапи за Англија, а последен пат играше за репрезентацијата во ноември 2018 година против Соединетите Американски Држави. Селекторот Томас Тухел добро го познава Лофтус-Чик, бидејќи претходно го тренираше во Челзи.

На англискиот тим му се придружува и дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џарел Кванса (22), кој е повикан по повредата на Адам Вортон во победата на Кристал Палас над Астон Вила (3:0). Вортон има повреда на препоните и ќе мора да паузира.

Кванса, кој летово пристигна во Баер од Ливерпул за 35 милиони фунти, беше дел од англискиот тим до 21 година, кој во јуни го освои Европското првенство. Тој веќе беше на првиот список на Тухел во март, но сè уште го чека своето деби за сениорскиот состав.

Англија, во сабота на 6 септември, ја пречекува Андора, а три дена подоцна патува во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Баркола, ПСЖ веднаш побара уште 50 милиони

Ливерпул го направи првиот конкретен чекор во обид да го донесе Бредли Баркола. Англискиот…