Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч во Европа од страна на Европската фудбалска федерација. Норвешкиот претставник во својата прва сезона во Сити ја освои Лигата на шампионите, англиската Премиер лига и ФА Купот, а на 53 натпревари постигна 52 гола. Во исто време за најдобар тренер во натпреварувањето беше прогласен и Пеп Гвардиола од Сити. …

