Дома Фудбал Промени во Германија: Нема место за Милер и Горецка, Флик повика фудбалер на Брајтон

Промени во Германија: Нема место за Милер и Горецка, Флик повика фудбалер на Брајтон

На германската репрезентација баш не и оди најдобро во последниот период, па тренерот Ханси Флик е под притисокот поради таквите резултати.

Сега Флик се обидува да ја поправи ситуацијата со еден вид шок терапија, па за пријателските натпревари со Франција и Јапонија не повика некои стандардни репрезентативци. Германците пишуваат дека овие натпревари се последната шанса Флик да се „извади“ и да остане селектор.

Повик во репрезентацијата не доби ветеранот Томас Милер кој повторно не е во плановите на селекторот, а покрај него немаше место и за Леон Горецка. Тимо Вернер не игра во најдобра форма во Лајпци, па неговото изоставување не е преголемо изненадување.

Интересно е што Паскал Грос на 32 години со добрите настапи за Брајтон си обезбеди повик и ако настапи тоа би било негово деби за репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл губи чекор, а играчите бараат појасни насоки од Јајсле

По домашниот пораз од Евертон со 0-1, се појавија информации дека дел од фудбалерите на Њу…