
Критики по елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите даде поранешната фудбалска ѕвезда на овој клуб и светски шампион со Франција од 1998, Кристоф Дугари.
Според него, Ламине Јамал треба да прикаже повеќе од чистиот талент за да се смета за светска класа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дугари верува дека Јамал зборува многу, но малку прикажува во најважните моменти. Иако младиот напаѓач постигна гол на почетокот на реваншот, Французинот смета дека потоа бил неприметлив.
“Постигна гол во четвртата минута. И што потоа? Тоа само покажува дека не е на пат за Златната топка,” изјави Дугари, отворено изразувајќи го разочарувањето од неговиот настап. Во анализата оди и чекор понатаму, споредувајќи го со Усман Дембеле: “Дембеле сигурно би постигнал уште неколку гола. Малиот Ламине имаше свој момент на слава и ништо повеќе.”
Иако признава дека Јамал има талент, Дугари истакнува дека тоа не е доволно. “Очигледно е дека има талент, но е далеку од тоа да биде еден од најдобрите во светот,” вели тој.
Најдиректната критика беше насочена кон менталитетот на младиот шпански фудбалер.
“Ако планираш многу да зборуваш, осигурај се дека твојот тим победува. Во кој свет живееш? Во реалниот свет не покажуваш ништо,” порача Дугари. “Не сум убеден дека Барселона заслужи да продолжи понатаму со оглед на неговиот настап. Има преголемо его,” заврши тој.