Дома Останати Фото: Поради оваа убавица, Бекам не можеше да гледа фудбал во Париз

Фото: Поради оваа убавица, Бекам не можеше да гледа фудбал во Париз

Медиумте на Островот ги полни нова интрига, откако во вторникот вечерта, на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз, бившиот англиски репрезентативец Дејвид Бекам и американскиот супермодел и убавица со слава од светски ранг, Бела Хадид, седеа еден до друг во ВИП ложата и го следеа осминафиналниот натпревар помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид (1:2) од Лигата на шампионите.

Двете славни фаци се сретнаа случајно, но нивното ракување и неколкуте фрлени погледи од страна на Бекам кон 21-годишната убавица Хадид ги натераа британските медиуми да почнат да „шушкаат“ дека фудбалскиот и моден фраер негува симпатии кон својата „сосетка“ (со местото, секако).

А Бела, како и секогаш, блескава и bella. И покрај ниските температури, таа ги скокоткаше машките страсти со својата модна комбинација и раскошното деколте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…