Дома Фудбал Флик пронајде уште едно засилување: Барселона бесплатно се засилува од Лондон?

Флик пронајде уште едно засилување: Барселона бесплатно се засилува од Лондон?

Според последните информации од медиумите екипата на Барселона би можела да се засили со Томаш Парти.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На фудбалерот на Арсенал му истекува договорот на лето и засега нема најави дека ќе потпипе нов.

Барселона наводно внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да му понуди договор и да го доведе без оштета.

Каталонците претходно го договорија Џонатан Та кој треба да пристигне исто така како слободен фудбалер, но тој ќе ја засили конкуренцијата во одбраната каде што се веќе: Пау Кубарси, Иниго Мартинез, Роналд Араухо, Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен.

Парти со своето искуство би можел да помогне во младиот среден реден а Барселона, иако прашање е каква минутажа би имал покрај: Френки Де Јонг, Марко Касадо и Марк Бернал.

На лето Парти ќе наполни 32 години, а во Арсенал пристигна од Атлетико Мадрид летото 2020 година за 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок е рекорд: Фернандеш во новата победа на Јунајтед пристигна на чекор до историја

Португалскиот офанзивец веќе забележа 20 асистенции во Премиер лигата, а неговиот тим слав…