Управата на Фиорентина ќе го продолжи договорот со голманот Давид Де Геа, кој ќе добива двојно поголема плата, објавија денеска италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, клубот од Фиренца ќе ја активира клаузулата во договорот на шпанскиот голман, кој така ќе остане на „Артемио Франки“ до 2026 година.
Де Геа минатото лето потпиша едногодишен договор, а клубот може да ја продолжи соработката, па доколку тоа се случи, 34-годишниот Шпанец ќе има двојно поголема плата, 2,4 милиони евра по сезона.
Де Геа е еден од најдобрите голмани во Серија А оваа сезона, одбранувајќи 80,6 отсто од ударите кон голот, повеќе од Јан Зомер од Интер и Мајк Менџиано од Милан.