
Еден од најславните португалски фудбалери на сите времиња, Луис Фиго, смета дека враќањето на неговиот сонародник Жозе Мурињо во Реал Мадрид не е добра идеја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешната ѕвезда на Барселона и Реал е на став дека за успехот на „кралскиот клуб“ е клучна комуникацијата и управувањето со големите имиња.
“Барањата се да знаете како да се справите со 25 големи ега и да ги убедите играчите да се движат во истата насока. Кога станува збор за односите во Мадрид, мора да дојде некој со здрав дух, кој ќе ја разбере таа средина,” истакна Фиго.
Португалецот понатаму објаснува зошто верува дека Мурињо не би бил вистинскиот избор.
“Ако погледнете кои тренери ја постигнале најголемата слава во Реал, ќе забележите дека тоа не се луѓе со цврст пристап – Зидан, Дел Боске, Анчелоти… Како некој што живеел во клубот, тврдам дека методите на Мурињо не би функционирале,” нагласува Фиго.
Единственото сигурно е дека Реал ќе има нов тренер, по уште една разочарувачка сезона во која повторно не освоија ништо.