Дома Фудбал ФФМ ја објави новата платформа за продажба на билети: Еве како ќе може да купите (Видео)

ФФМ ја објави новата платформа за продажба на билети: Еве како ќе може да купите (Видео)

Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација. 

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: 

1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk; 

2. Изберете натпревар; 

3. Одберете седиште; 

4. Извршете уплата; 

5. Преземете го дигиталниот билет;

 Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите. 

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство. 

Напред Македонија! 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арнаутовиќ направи хаос: Целосно ја загуби контролата, тргна да се пресмета со противниците (Видео)

Вистинска драма беше видена во последното коло од групната фаза на Светското првенство, ка…