Дома Моторспорт Ферари со двојна победа на Хунгароринг

Ферари со двојна победа на Хунгароринг

Возачите на Ферари ги освоија првите две места на вчерашната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг.

Прв целта ја мина Себастијан Фетел, кој ја имаше и пол позицијата и не дозволи во ниту еден момент да биде симнат од првата позиција. Второто место му припадна на Кими Раиконен, додека трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.

За Фетел ова беше четврта победа сезонава или вкупно 46.та во кариерата.

Луис Хамилтон трката ја заврши како четвртопласиран, па така сега Фетел ја зголеми разликата во генералниот пласман.

Фетел води во генералниот пласман со 202 бода, Хамилтон има 188, а Ботас 169. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 357 бодови, пред Ферари со 318.

Следната трка се вози по летната пауза на 27 август за Големата награда на Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …