
Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро официјално беше претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Узбекистан. Ова именување доаѓа по неговото заминување од ГНК Динамо Загреб, каде што престана да работи во април.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Под водство на Канаваро, узбекистанската селекција ќе дебитира на Светското првенство во 2026 година. Квалификациите за ова големо натпреварување ги обезбедија под привремено водство на Тимур Капаџе, откако Среќко Катанец се повлече поради здравствени проблеми.
Канаваро ќе го има својот прв предизвик како тренер на националната репрезентација во пријателските натпревари во октомври – против Кувајт на 9-ти и Уругвај на 13-ти октомври. Италијанецот минатиот викенд пристигна во Ташкент, каде што заврши со сите формалности за преземањето на тимот.