Дома Македонски спорт Мак ракомет Eурофарм Пелистер договори засилување и од Вардар!

Eурофарм Пелистер договори засилување и од Вардар!

Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за наредната сезона.

Во Битола четири ракометари (Елмир Гарџан, Марио Вегар, Невен Стјепановиќ, Милан Ѓукиќ) ја продолжија верноста кон клубот, а освен тоа беа доведени уште Танкоски од Металург и босанскиот репрезентативец Јосип Периќ кој дојде од Бундес лигата од тимот на Гепинген.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следното засилување доаѓа од најголемиот ривал во македонското првенство, Дејан Кукуловски.

Младиот ракометар во тимот на Вардар сезонава добиваше прилика повеќе во СЕХА лигата и покажа дека има потенцијал да се развива. Во Лигата на шампионите против Мотор успеа да постигне и два гола.

Кога се заминувањата во прашања од Битола си заминаа Владислав Острушко, Ловро Јотиќ и Александар Шевелев.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…