Дома Трансфер зона Eмери сака да ги израдува навивачите: Арсенал тргнува по хрватскиот репрезентативец!

Eмери сака да ги израдува навивачите: Арсенал тргнува по хрватскиот репрезентативец!

emery

Тимот на Арсенал ова лето доведе пет играчи, но не сака тука да застане. Овие денови многу се поврзуваа со Нзози и Дембеле, а денес во медиумите на Островот се појави и вест дека „топџиите“ сакаат да се засилат и со еден стопер.

Арсенал и со Венгер мака мачеше со стоперските позиции, никако не успеавше да состави два квалитетни стопери. Така е и вој пат, го имаат Сократис, но Кошчиелни ќе биде надвор од терените подолг период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стопери во Арсенал во овој момент се Мустафи, Сократис, Чемберс и Холддинг, а ниту еден освен Мустафи нема искуство со играње во Премиер лигата.

Поради ваквата ситуација Арсенал би можел да тргне по потписот на Хрватот, Домагој Вида кој веќе е мета на Евертон и Ливерпул.

Во овој момент како потенцијален проблем за реализација на овој трансфер се наведува сумата под која Турците не сакаат да го пуштат Вида, таа изнесува околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…