Селекцијата на Шпанија приреди мало изненадување во првото полуфинале на Европското првенство. Данска беше мал фаворит пред мечот, но на крајот се радуваа Шпанците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тргна натпреварот подобро за Данска, водеа скоро цело прво полувреме во еден момент имаа и предност од четири гола. „Фуријата“ успеа да се врати и на полувреме да замине со минус еден (13:14).
Ако првото полувреме и припадна на Данска целосно спротивно беше во второто. Шпанија играше една цврста одбрана, а Хансен и друштвото изгледаа збунети, немаа решение за фантастичниот Перез Де Варгас.
Првото водство на Шпанија беше со 17:16 и од тој момент не го испуштија за на крај да слават со највисоките кои ги имаа во мечот плус четири (29:25). Перез Де Варгас го заврши натпреварот со 13 одбрани.
За играч на натпреварот беше избран Алеиш Гомез Абелјо кој постигна 13 гола. Хансен кај Данска беше стрелец на осум гола.