Дома Фудбал Евертон со играч помалку го совлада Манчестер Јунајтед. Погледнете го прекрасниот гол за победа

Евертон со играч помалку го совлада Манчестер Јунајтед. Погледнете го прекрасниот гол за победа

ЕВЕРТОН го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 на Олд Трафорд во завршната средба од 12-то коло на Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Дјусбери-Хол во 29-та минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така гостите, иако играа со играч помалку од 13-тата минута, стигнаа до втората последователна победа.

Голот кој ја одлучи средбата

Клучниот момент на средбата се случи во 29-та минута. Дјусбери-Хол ја прими топката на околу 25 метри од голот на Јунајтед, се заврте и тргна кон казнениот простор.

Потоа се ослободи од Касемиро, а обидот на Лени Јоро со неуспешен лизгачки старт му ја додаде топката, која од врвот на шестнаесетникот ја упати во горниот десен агол од мрежата на Сам Ламенс.

Можете да го видите голот ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов селектор на Холандија. Минатата сезона потроши 530 милиони евра, не освои ништо.

ЛИВЕРПУЛ ќе оствари значителна финансиска заштеда благодарение на договорот кој отвара пат…