Дома Фудбал Еспањол останува без голман, гигантите нудат 25 милиони евра

Еспањол останува без голман, гигантите нудат 25 милиони евра

Еден од најбараните голмани во моментот во Европа е младиот голман на Еспањол, Хоан Гарсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за момче кое фантастично бранеше оваа сезона, Еспањол речиси и математички го обезбеди опстанокот во Ла Лига и заради тоа веќе можат да започнат преговори околу неговата иднина.

Новинарите во Шпанија најавија дека постојат понуди од Англија, Германија и Шпанија, но дека ниту една понуда не е од Реал Мадрид.

Сѐ уште се чека вистинската одлука, а Гарсија сигурно го напушта Еспањол, како што беше наведено на порталот „Мундо Депортиво“.

Гарсија има 23 години, договорот со Еспањол му е до 2028 година, но откупната клаузула е 25 милиони евра што многумина сакаат да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатниот Хари Кејн ги урна соништата на Конго! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија, водена од извонредниот Хари Кејн, направи значителе…