
Кристијан Ериксен се огласи откако вчера се онесвести на теренот за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, истакнувајќи дека е “добро” и дека се вратил дома од болница. Данскиот репрезентативец (34) доживеа колапс во 65. минута од натпреварот во Оденсе, што беше втор ваков инцидент во неговата кариера по срцевиот застој на Европското првенство 2021 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот беше прекинат при водство на Данска од 2:1 и потоа откажан, иако Ериксен се освести и самостојно го напушти теренот. Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Брентфорд и Тотенхем веднаш беше префрлен во болница.
Ериксен се огласи преку својот Инстаграм профил, потврдувајќи дека е пуштен дома. Тој објасни дека инцидентот бил различен од оној во 2021 и дека бил предизвикан од “удар” на неговиот вграден кардиовертер-дефибрилатор (ICD).
“Сакам сите да знаат дека сум добро и дека сум дома со семејството. Како што можете да си замислите, ударот кој го примив од мојот ICD силно влијаеше на мене и моето семејство, но сакам да порачам на сите дека ова беше поинаква ситуација од онаа во 2021 година”, напиша Ериксен.
“Се чувствувам добро и моето закрепнување веќе започна. Покрај благодарноста за поддршката и помошта од сите играчи и медицинскиот тим на теренот, извонредно сум благодарен и на лекарите кои долги години се грижат за мене и моето срце. Благодарение на нивната стручност, мојот ICD уред го направи тоа за што е направен да го прави: да ме заштити кога е тоа потребно”, изјави тој.
“З сега сум насочен кон закрепнувањето, времето поминато со семејството, заминување на одмор и играње фудбал со децата”, заврши данскиот фудбалер.