
Погледнете ја реакцијата на Трент Александер-Арнолд по неговата повреда на реванш натпреварот со Пари Сен Жермен.
Англискиот репрезентативец беше заменет во 73-та минута и не можеше да му помогне на својот тим во завршницата на натпреварот.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Францускиот тим успеа да му се реваншира на Ливерпул за поразот на Паркот на принцовите и по подоброто изведување на пенали го елиминира лидерот на Премиер лигата и тимот кој водеше по првата фаза на Лигата на шампиони.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Трент по сè изгледа нема да може да му помогне на Ливерпул ниту на претстојното финале на Карабао Купот на Англија во недела, против Њукасл Јунајтед.
Десниот бек е еден од тројцата клучни играчи, на кои истекуваат договорите на крајот од сезоната, покрај првиот стрелец Мохамед Салах и капитенот Вирџил ван Дајк, а медиумите го селат во Реал Мадрид на лето.
Трент е дете на Ливерпул, роден е во овој град и член е на клубот од својата шеста година. Поминал низ сите селекции на Црвените и досега има одиграно 349 натпревари за првиот тим и постигнато 22 гола. Покрај тоа, тој е еден од најдобрите асистенти во историјата на Премиер лигата меѓу одбранбените играчи.
Really do hope this isn’t the last time we see Trent in a Liverpool shirt pic.twitter.com/WoQCEGU2wu
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) March 12, 2025