
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, истакна дека Ламин Јамал заслужува да ја освои златната топка, но дека не може да се спореди со најголемите фудбалери на сите времиња.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ламин Јамал е играч со многу квалитет и може да напредува многу, но не го гледам како феномен. Меси или Марадона правеа работи кои никој не можеше да ги замисли, но моментално не можам да го споредам со нив“ – рече Капело, па го спореди Ламин Јамал и Кристијано Роналдо:
„Не зборам за бројки, зборам за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч. А колку голови постигна? Повеќе од сите, но не може да биде како Меси или Марадона“ рече Италијанецот.
Сепак, Капело смета дека Јамал треба да ја освои Златната топка.
„Би гласал за Ламин Јамал за Златната топка. Моите гласови би биле: Винисиус, Mбапе и прв, Јамал“ рече Капело.
Фото: FC Barcelona/X