Дома Фудбал Останато Eто нема дилеми кој е најдобар на сите времиња: Тој е над сите

Eто нема дилеми кој е најдобар на сите времиња: Тој е над сите

Поранешната ѕвезда на Барселона и Интер, Самуел Ето нема дилеми кој е најдобар напаѓач на сите времиња.

Камерунецот за најдобар го смета познатиот Бразилец, Роналдо, а исто така се смета и себе за дел од врвот, меѓутоа за него „Феноменот“ е над сите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Најдобар на сите времиња е Роналдо – „Феноменот“. За него имам голема почит и сите останати се зад него, меѓу кои сум и јас. Деенес е најдобар Меси, тука е и Мбапе кој станува се подобар и мислам дека наредните години тој ќе ги обележи“, изјави Ето.

Зборуваше и за најдобрите афрички фудбалери.

„Тешко е да се каже кој е најдобар. Многумина има кои освојувале титули и наградата за најдобар играч во Африка. Јас секако сум меѓу нив. Освојував турнири со силни екипи и најдобро би било да се состави еден стручен тим кој на крајот би го избрал најдобриот“, истакна Камерунецот.

Покрај Барселона и Интер, Ето играше уште за Реал Мадрид, Мајорка, Евертон, Сампдорија, Челзи, Анжи, Анталиспор и Коњаспор, кариерата ја заврши во 2019 година во Катар.

Во кариерата одигра вкупно 764 клупски натпревари и постигна 371 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…