Дома Фудбал Лига на шампиони Eмери: ПСЖ нема да се откаже, продолжуваме да градиме тим кој ќе го освои ова натпреварување

Eмери: ПСЖ нема да се откаже, продолжуваме да градиме тим кој ќе го освои ова натпреварување

emery

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со поразот од Реал Мадрид во 1/8 финалето се простија од Лигата на шампионите.

Парижаните веќе со години вложуваат со цел да ја остварат целта и го подигнат пехарот во Лигата на шампионите, меѓутоа и оваа година тоа за нив ќе остане само сон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот за медиумите зборуваше Унаи Емери кој истакна дека Реал Мадрид заслужено се пласирал во ¼ финалето.

„Реал играше подобро од нас. Сакавме да ги нападнеме уште посилно, но нивниот прв гол значително ги намали нашите шанси, како и црвениот картон кој го добивме. Кога ќе ве елиминира Реал Мадрид не треба да бидете разочарани, но ние сме бидејќи тоа се случи во 1/8 финалето“, изјави Емери кој потоа додаде дека амбициите и желбите на неговиот клуб остануваат исти.

„Сакаме да го освоиме ова натпреварување, ќе продолжиме да бидеме трпеливи и да градиме тим кој ќе успее. Сигурен сум дека во блиска иднина можеме да се израдуваме на овој трофеј“, заврши Емери.

ПСЖ во првиот натпревар беше поразен со 3:1, додека во вчерашниот натпревар резултатот гласеше 1:2 во корист на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…