Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е презадоволен од почетокот во Лајпциг каде што тренира веќе три дена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред да пристигне во Лајпциг, Елмас имаше ситна повреда, но сега тој порачува дека повредата е минато и е спремен да дебитира за германскиот тим.
„Ова ми е трет ден тука и се чувствувам навистина добро. Немам никаква болка, повредата е минато и тренирам со остатокот од тимот. Подготвен сум за деби“, изјави Елмас.
Првата прилика да дебитира Елмас ќе ја има на 13-ти јануари кога Лајпциг ќе игра против Ајнтрахт. Ќе потсетиме, Лајпциг за услугите на Елмас плати сума од 25 милиони евра.