Репрезентацијат на Хрватска теоретски се уште има шанси за пласман во нокаут фазата на Европското првенство, меѓутоа треба да се поклопат неколку резултати.
Имаше осминафинале Хрватска се до 98. минута, но тогаш како и претходно против Албанија примија гол во последните моменти за големо разочарување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега избраниците на Златко Далиќ со два бода само како некоја од најдобрите четири третопласирани репрезентации може да се надеваат на осминафинале. Но, за да се најдат таму треба да се поклопат неколку резултати.
Прво вечерва Данска мора да ја победи Србија со било која разлика или Србија да ја победи Данска со барем три гола разлика. Потоа во истиот термин од оваа група Англија треба да ја победи Словенија со најмалку три гола разлика.
Во другата група која се игра утре Турција мора да ја победи Чешка, а Португалија да слави против Грузија.