Скоро сите англиски медиуми вчера објавија информација дека Карло Анчелоти се договорил со Евертон.
По повод овие шпекулации преку Твитер се огласи и клубот од „Гудисон Парк“ од каде што порачаа дека се уште ништо не е договорено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во 11. ден од кога Марко Силва го напушти клубот управата на Евертон работеше на тоа да именува нов тренер и одржани беа неколку состаноци со потенцијалните кандидати. Можеме да потврдиме дека до сега никој не потпишал договор и ниту еден кандидат не одлучил да се повлече од постапката“, стои во соопштението од клубот.
? | An update on the ongoing work to recruit a new permanent manager. #EFC
— Everton (@Everton) December 16, 2019
Англиските медиуми пишуваа дека италијанскиот стратег постигнал договор со „какрамелите“, меѓутоа дека се уште не потпишал. Иако, Евертон не потврди кога една информација доаѓа од како што кажавме сите поголеми англиски медиуми тогаш очекувањата се дека наскоро ќе се случи и промоцијата на Анчелоти.