Тимот на Евертон предводен од Карло Анчелоти игра одлично на почетокот на Премиер лигата, а утрово „карамелите“ доведоа ново засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Евертон го промовираше Бен Гадфри кој пристигнува од Норвич за сума од 25 милиони фунти, со бонуси Норвич би можеч да заработи и 30 милиони.
„Бен Гадфри потпиша за Евертон, тој стави потпис на петгодишен договор со важност до јуни 2025 година“, стои во објавата од Евертон.
Станува збор за играч кој иако е бек може да игра и во средниот ред. Гадфри има 22 години и беше и капитен на младата репрезентација на Англија.
Евертон после четири кола во Премиер лигата има максимални 12 бодови, а следното коло по репрезентативната пауза го очекува градското дерби со Ливерпул.