Репрезентативецот на Македонија Ваљон Етеми игра во добра форма пред стартот на натпреварите во Лигата на Нации.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Етеми вчера постигна два гола во гостинската победа против Ерзурум од 2:4 во полуфиналниот бараж за место во турската Суперлига. Асистент Етеми беше при првиот гол кој го постигна Јазган.




За 0:2 се погрижи Рока, а Етеми стапи на сцена со третиот гол. Нашиот репрезентативец доби топка во шеснаесетникот одлично се снајде и погоди за 0:3. До крајот гол за Истанбулспор постигна Сакарија, за домаќинот двоен стрелец беше Тозлу.



