Дома Фудбал Eмери: Манчестер Јунајтед без Мурињо е поинаков тим

Eмери: Манчестер Јунајтед без Мурињо е поинаков тим

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери пред вечерашниот натпревар од ФА Купот против Манчестер Јунајтед порача дека „црвените ѓаволи“ се друг тим откако ги превзема Оле Гунар Солскјер.

Пред ова дерби шпанскиот стратег од клупата на Арсенал порачува дека сега Јунајтед под водство на Солскјер игра со далеку поголема самодоверба од нивниот последен натпревар на „Олд Трафорд“. Тогаш резултатот беше 2:2.

„Нормално е тоа што Мурињо доби отказ. Не бев изненаден. Тие имаат одлични играчи, а изгубија премногу бодови. Во овој момент Манчестер Јунајтед е опасен тим и во добра форма се. Ова сега е поинаков тим со многу поголема самодоверба. Ќе морам да ги изберам најдобрите 11, неопходно е да го дадаме максимумот“, изјави Емери.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед се игра вечерва со почеток во 20:55 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 150.000 евра не му ја отворија вратата: Гарсија остана без Динамо

Оскар Гарсија понудил да ја врати целата дотогашна заработка во Погон за да замине во Загр…