
Италијанските медиуми денес објавија дека Елиф Елмас сепак се уште не ја победил короната.
На последните тестирања во Наполи Елмас заедно со Зјелински се уште е позитивен на вирусот. Ова значи дека Елмас дефинитивно нема да игра против Грузија во Скопје на 14. октомври.
Ако Елмас беше негативен на овој тест постоеше можност да се приклучи на репрезентацијата сепак, сите шанси и надежи кај нас паднаа во вода со денешниот нов позитивен тест.
Ова секако може да биде проблем затоа што поради повреди Ангеловски не може да смета на неколку фудбалери, а освен тоа и фудбалерите се изморени поради натпреварите во краток период.