Дома Фудбал Eлмас: Ова беше лекција за сите нас, шансите не се загубени

Eлмас: Ова беше лекција за сите нас, шансите не се загубени

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Елиф Елмас беше еден од фудбалерите кои зборуваше по денешниот пораз од Австрија со 3:1, во кој мора да се каже дека навистина не разочаравме. Сепак, на крајот Австријците го добија натпреварот.

„Одигравме добар натпревар, видовме како е да се игра на едно ЕП. Лекција за сите нас и ќе напоменам дека ништо не е загубено. Со добри резултати во следните два натпревари мислам дека ќе ја обезбедиме толку посакуваната втора фаза. Ќе го оставиме овој натпревар за нас и ќе го анализираме следниот противник“, изјави Елмас.

Следниот натпревар Македонија го игра во четврток против Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан бара столб за одбраната: Инасио е прва желба, цената е пречка

Капитенот на Спортинг е на врвот на јануарската листа на Милан, но „росонерите“ разгледува…